ПРВ.мк

Во Гостивар ноќеска приведен возач, имал 2,17 промили алкохол во крвта

Во Гостивар ноќеска приведен возач, имал 2,17 промили алкохол во крвта
Jumbo Banner

СВР Тетово информира дека ноќеска 1 часот и 10 минути полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар го лишиле од слобода И.Ф. (50) од Долна Бањица, гостиварско.

„При сообраќајна контрола на ул. „Живко Брајковски“ во Гостивар, било сопрено патничко моторно возило „шкода”со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал И.Ф., и по преземени мерки било констатирано дека И.Ф. е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,17 промили алкохол во крвта.“, соопшти полицијата.

Тој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.297- а од Кривичниот законик-„безобѕирно управување со моторно возило”.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран