ПРВ.мк
Црна Хроника

Внимавајте ако летувате во Грција: Овој прекрасен цвет може да биде смртоносен

Внимавајте ако летувате во Грција: Овој прекрасен цвет може да биде смртоносен

Она што требало да биде романтичен момент за еден млад пар од Србија, за малку се претворило во сериозна здравствена драма за време на нивниот одмор во Грција.

Според нивното сведоштво, момчето сакало да ѝ подари цвет на својата девојка. Бидејќи не успеал да го откорне со рака, се обидел да го скине со забите. Веднаш почувствувал силна горчина, го исплукал цветот и во прв момент не помислил дека може да биде опасно.

Подоцна дознале дека станувало збор за олеандер, украсно растение кое е широко распространето низ Грција и медитеранските земји, но е познато и како едно од најотровните растенија. По инцидентот, момчето развило симптоми на труење и побарало лекарска помош, по што неговата состојба била стабилизирана.

Лекарите предупредуваат дека сите делови од олеандерот – цветовите, листовите и стеблото – содржат токсични материи кои можат да предизвикаат мачнина, повраќање, вртоглавица, нарушувања на срцевиот ритам и други сериозни здравствени компликации.

Поради тоа, експертите советуваат туристите да не ги допираат и особено да не ги ставаат во уста овие растенија, иако на прв поглед изгледаат безопасно и привлечно.