ПРВ.мк
Црна Хроника

ВНИМАТЕЛНО ВОЗАЧИ: Тешка сообраќајна несреќа на овој патен правец - возач почина по излетување од патот!

ВНИМАТЕЛНО ВОЗАЧИ: Тешка сообраќајна несреќа на овој патен правец - возач почина по излетување од патот!

На 25 април 2026 година околу 15:30 часот во Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар, во близина на селото Видрани, патничко возило „фолксваген поло“ излетало од коловозот.

Возилото го управувал 62-годишен жител на село Другово. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај возачот на местото на настанот.

Според изјавата на неговата сопруга, која била сопатник во возилото, возачот претходно се пожалил на болки во градите, по што му се слошило и изгубил контрола над автомобилот.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, а надлежните институции работат на целосно расчистување на случајот.