Голем пожар попладнево избувна во Велес, предизвикувајќи загриженост кај жителите на градот.
До редакциите пристигнуваат снимки од граѓани на кои се гледа густ црн чад што се издига зад ридскиот дел на Велес. Видеата брзо се шират на социјалните мрежи, а многумина прашуваат што точно гори.
Во моментов нема официјална информација од надлежните институции за причината за пожарот, ниту за тоа што е зафатено од огнената стихија.
Засега не е познато ниту дали и колку противпожарни екипи се ангажирани на терен, како и дали пожарот претставува опасност за околните објекти.
Се очекува во текот на вечерта надлежните служби да излезат со повеќе информации за состојбата и за евентуалните последици од пожарот.









