Тешка трагедија се случи во близина на железничката станица во Земун, каде што вечерва околу 19 часот било пронајдено телото на млада девојка на шините.
Граѓаните кои се затекнале на местото биле видно потресени од глетката и веднаш ги известиле полицијата и службите за итна медицинска помош.
По пристигнувањето, медицинските екипи можеле само да констатираат смрт.
Според првичните информации, се претпоставува дека девојката била прегазена од воз, но околностите под кои се случил настанот засега не се познати.
Надлежните институции не ја исклучуваат ниту можноста за самоубиство, но нагласуваат дека истрагата е во тек и ќе треба да ги утврди сите детали за овој трагичен случај.








