ПРВ.мк
Црна Хроника

УТРИНСКА ДРАМА ВО КАРПОШ: Пламен проголта автомобили - еве во што се сомнева полицијата!

УТРИНСКА ДРАМА ВО КАРПОШ: Пламен проголта автомобили - еве во што се сомнева полицијата!

Во Скопје утринава околу 5 часот избувнал пожар на паркинг во близина на Технолошко-металуршкиот факултет, при што целосно изгореле два автомобили.

Благодарение на брзата интервенција на противпожарната единица, огнот не се проширил на останатите возила и околните објекти, иако на местото имало десетици паркирани автомобили, што претставувало потенцијален ризик за поголема штета.

Сведоци од околните згради изјавиле дека непосредно пред да го забележат пожарот слушнале звуци слични на пукање и почувствувале силен, непријатен мирис. Дел од жителите изразиле сомнеж дека пожарот можеби бил подметнат, но засега нема официјална потврда за причината.

На терен извршен е увид од надлежните служби, а полицијата работи на утврдување на околностите под кои избувнал пожарот.