На 07.04.2025 во 11.30 часот на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(18) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Додека, по извршени проверки било констатирано дека за него имало распишано три централни потерници поради постоење сомнение за сторени кривични дела по член 242, член 235 и член 236 став 1 од Кривичниот законик. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок. Лицето било спроведено во Основен суд Скопје 1. Во 17.00 часот на улица „Гоце Делчев“ во Тетово од слобода бил лишен и Ш.Р.(32) од Тетово поради сомнение дека му ја продал дрогата на С.М.. Тој бил задржан во полициска станица Тетово за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.