Полицијата од полициската станица во Групчин, вчера во 17:15 часот го уапсила 64-годишниот К.З. од тетовското село Церово, за кој била распишана потерница за издржување на затворска казна од четири години.
По апсењето, од МВР информираат дека лицето е пренесено во КПУ Затвор Идризово за издржување на затворската казна.