ПРВ.мк

Кривично ќе одговара 22-годишник од Скопје, дома чувал кокаин и пиштол

Кривично ќе одговара 22-годишник од Скопје, дома чувал кокаин и пиштол
Jumbo Banner

СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

– На 07.05.2025, полициски службеници со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот во Скопје, при што биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, пиштол „Чешка зброевка“ калибар 7,65 мм и куршуми калибар 7,65 мм, кои ги поседувал без дозвола, соопштија од полицијата. 

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран