ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагедија во Скопје: 30-годишник удри пешак – кој подоцна почина на Клиника

Трагедија во Скопје: 30-годишник удри пешак – кој подоцна почина на Клиника

Денеска (27.09.2025) во 08:15 часот, на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче во Скопје, патничко возило „Ауди А6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 30-годишниот Г.Д. од Скопје, удрило во пешакот Т.Ѓ. (83) од Скопје.

Пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде што подоцна починал. Лекарите констатирале смрт на лицето, а увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и екипа од СВР Скопје.

По насоки на јавниот обвинител, возачот Г.Д. е лишен од слобода, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Escape