Во средата попладне, на булевар „Борис Трајковски“ во Кисела Вода, пред крстосницата со улица „Христо Татарчев“, се случи тешка сообраќајна несреќа во која автомобил „Даеву“ со скопски регистарски таблички удри во пешак.
Возилото, управувано од 35-годишниот М.К. од Скопје, околу 14:30 часот го прегазило 59-годишниот З.Т. од Скопје.
Пешакот со тешки телесни повреди веднаш бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што лекарите се борат за неговиот живот.
Полицијата извршила увид на местото на несреќата и се работи на целосно расчистување на случајот.