Попладнево на улицата Пластичарска во Скопје се случи сообраќајна несреќа во која учествуваа мотор и патничко возило.
Од ударот дел од коловозот беше блокиран, па со часови една од лентите беше затворена за сообраќај. На местото интервенираше полициска екипа која ја обезбеди локацијата.
Засега нема информации за состојбата на возачите и патниците, а на возилата е видлива материјална штета. Очекуваме повеќе детали од МВР во текот на денот.