На 13.03.2026 година околу 16:30 часот, во СВР Скопје беше пријавено дека Ж.С.(59) од с. Герман, кривопаланечко, при извршување на работни задачи во објект во изградба на подрачјето на Кисела Вода, паднал од висина.
Работникот веднаш бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде околу 17:40 часот лекарите ја констатирале смртта.
За случајот веднаш бил извршен увид, а известен е и трудов инспектор, согласно процедурите за вакви несреќи на работното место.
Случајот дополнително се истражува за да се утврдат причините и евентуалните пропусти во обезбедување на безбедноста при работа.


















