ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Жена загина по пожар во куќа!

ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Жена загина по пожар во куќа!

Трагичен настан ја потресе Македонија откако 85-годишна жена го загуби животот во пожар што избувнал во текот на ноќта во семејна куќа во скопската населба Пинтија.

Според неофицијални информации, огнот избувнал на долниот кат од куќата, а жената не успеала навреме да се евакуира и да се спаси од пламените јазици.

На местото веднаш интервенирале екипи на Итната медицинска помош, кои констатирале смрт кај жената, додека на други лица кои биле затекнати на локацијата им била укажана прва помош.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен во 01:48 часот по полноќ.

„Во СВР Скопје е пријавено дека во куќа, сопственост на С.К.(45), а во која живеела и нејзината мајка М.В.(85) во населба Пинтија во Скопје, настанал пожар. Од повредите здобиени во пожарот, починала М.В., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош“, информираат од полицијата.

Пожарот бил локализиран и изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а надлежните служби во текот на денот ќе вршат увид за да се утврдат причините кои довеле до избувнување на пожарот.

Најнови вести