ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА: Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа!

ТРАГЕДИЈА: Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа!
Kristal

Вчера околу 11:00 часот во Одделението за внатрешни работи Крива Паланка била пријавена сериозна сообраќајна несреќа што се случила на локалниот пат во селото Дурачка Река, во кривопаланечкиот регион, на место познато меѓу мештаните како „Мушкаричина бавча“.

Според информациите, 83-годишниот К.М. од селото Кошари, управувајќи мопед од марката „томос“, од засега неутврдени причини изгубил контрола над возилото и паднал на коловозот. Несреќата се случила без учество на други возила, а падот резултирал со сериозни последици по здравјето на возачот.

Лицето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Здравствениот дом во Крива Паланка. Поради сериозноста на состојбата, повредениот бил итно пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што, и покрај лекарските напори, подоцна им подлегнал на повредите.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на Судска медицина за вршење обдукција, со цел целосно утврдување на причините за смртта. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на ОВР Крива Паланка, а истрагата за околностите под кои дошло до несреќата продолжува.

FixCredit
Escape