Шеесет и деветгодишен пешак е тешко повреден откако бил удрен од патничко возило на улицата „Браќа Миладинови“ во Струмица, информира Министерството за внатрешни работи.
Несреќата била пријавена на 5 септември во Полициската станица Струмица. Според информациите од МВР, автомобил „шкода“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 74-годишен жител на Струмица, удрил во пешакот Т.К. (69), исто така од Струмица.
Во сообраќајката пешакот се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Струмица.






