ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА! „БМВ“ удрил во пешак, ИТНО пренесен во болница - ова е неговата состојба!

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА! „БМВ“ удрил во пешак, ИТНО пренесен во болница - ова е неговата состојба!

Тешка сообраќајна незгода се случила на регионалниот пат Куманово–Липково, во селото Оризари, Општина Липково, при што 67-годишен пешак се здобил со тешки телесни повреди.

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 17 октомври 2026 година, околу 06:05 часот, во Секторот за внатрешни работи Куманово.

Во сообраќајната незгода учествувале патничко возило „БМВ“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Р. (35) од селото Липково, и пешакот Д.Д. (67) од селото Оризари.

Од засега соопштените информации произлегува дека возилото удрило во пешакот, кој при ударот се здобил со тешки телесни повреди.

Повредениот маж бил пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Куманово. Дополнителни детали за околностите под кои се случила незгодата не се соопштени.

Најнови вести