ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКАА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Едно лице го загуби животот - МВР со детали!

ТЕШКАА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Едно лице го загуби животот - МВР со детали!

Тешка сообраќајна несреќа со трагичен исход се случила во селото Долна Бањица, гостиварско, во која животот го загубил 59-годишен маж од Гостивар.

Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена на 17 октомври 2026 година, во 22:55 часот, во Одделението за внатрешни работи Гостивар.

Станува збор за патничко возило „опел“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.М. (59) од Гостивар, кое излетало од коловозот и удрило во бетонски ѕид.

По несреќата, во 23:00 часот, дежурен лекар ја констатирал смртта на возачот.

По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, која треба да помогне во утврдувањето на околностите поврзани со трагичниот настан.

Надлежните институции постапуваат согласно законските процедури за случајот.

Најнови вести