Маж на 48-годишна возраст од селото Црнилиште, во општина Долнени, се здобил со тешки телесни повреди откако паднал додека управувал трактор.
Несреќата се случила на 12 октомври во близина на селото Црнилиште. Случајот бил пријавен во Полициското одделение Ропотово во 16:15 часот.
По несреќата, повредениот маж бил пренесен во Општата болница во Прилеп, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди.







