ПРВ.мк
Црна Хроника

КРВАВА СОСЕДСКА ПРЕСМЕТКА: Журка на покрив заврши со трагедија!

КРВАВА СОСЕДСКА ПРЕСМЕТКА: Журка на покрив заврши со трагедија!

Вистинска драма се случила во саботата во зграда во центарот на Белград, кога соседна расправија ескалирала во хаос во кој жена (76) завршила со контузија на мозокот. Како што дознаваме, сè се случило кога маж (45) со пријателите организирал собир на покривот од зградата, што му засметало на еден од соседите (48).

Според неофицијални информации, целиот инцидент се случил во саботата попладне во зграда во самиот центар на Белград. Мажот (45) бил со пријателите на покривот од зградата каде што организирале прослава на која пиеле алкохол. – По извесно време тој сишол од покривот на зградата и отишол до продавница, кога на покривот се појавил неговиот сосед од зградата и почнал да негодува поради собирот. Наводно, тој таму се расправал со пријателите на соседот (45), по што заминал во својот стан – вели извор на „Блиц“ запознаен со случајот.

Сепак, набрзо започнал хаосот. Според зборовите на изворот на „Блиц“, кога мажот (45) се вратил од продавница, го дочекале пријателите кои му прераскажале што се случило. Тој, под дејство на алкохол, веднаш сишол до станот на соседот. – Кога соседот му ја отворил вратата, веднаш започнала расправија и турканица. Набрзо пред вратата од станот се појавиле родителите на нападнатиот сосед. Во таа турканица, мајката на соседот била турната, при што паднала и удрила со главата. Задобила фрактура на черепот – вели изворот на „Блиц“.

Утврдено е дека осомничениот имал 1,10 промили алкохол во крвта, а по приведувањето му е одредена мерка забрана за приближување и комуникација со соседот кого го нападнал.