ПРВ.мк
Црна Хроника

Тешка несреќа: Мајка и ќерка во критична состојба откако биле прегазени

Тешка несреќа: Мајка и ќерка во критична состојба откако биле прегазени

Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вечерва во населбата Вождовац, во Белград.

Според неофицијални информации, станува збор за жена и девојче, за кои дел од медиумите наведуваат дека се мајка и ќерка. Тие, наводно, биле удрени од автомобил.

По несреќата, жената била итно пренесена во Ургентен центар, каде што ѝ се укажува лекарска помош. Девојчето, пак, било префрлено во Тиршова.

Засега нема официјални информации за нивната здравствена состојба, а надлежните служби работат на утврдување на околностите под кои се случила несреќата.

Се очекуваат дополнителни детали по завршување на истрагата.