ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА НЕСРЕЌА: Маж тешко повреден откако се превртел со тракторот додека работел!

ТЕШКА НЕСРЕЌА: Маж тешко повреден откако се превртел со тракторот додека работел!

74-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако тракторот со кој работел се превртел во дворот на неговиот имот во прилепското село Вранче.

Според информациите од полицискиот билтен, вчера во 18:40 часот во Одделението за внатрешни работи Прилеп било пријавено дека во Општата болница во Прилеп бил донесен А.П. (74), жител на Прилеп, кој потекнува од селото Вранче, општина Долнени. Кај него биле констатирани тешки телесни повреди.

Според пријавеното, несреќата се случила додека 74-годишникот работел со трактор во дворот на својот имот во Вранче. Во еден момент тракторот се превртел, при што мажот бил тешко повреден.

Надлежните служби работат на расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои се случила несреќата.