ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО ГЛАВНИОТ ГРАД: Товарно комбе прегази млада девојка - ова е нејзината состојба!

ТЕШКА НЕСРЕЌА ВО ГЛАВНИОТ ГРАД: Товарно комбе прегази млада девојка - ова е нејзината состојба!

Денеска околу 10:10 часот во СВР Скопје е пријавена сообраќајна незгода на крстосницата кај кружниот тек меѓу улиците „Христо Татарчев“, „Марко Орешковиќ“ и булевар „Србија“, во која учествувало паркирано товарно возило „Фолксваген“ со скопски регистарски таблички.

Според информациите, возилото било паркирано од 34-годишниот М.Р. од Скопје, по што, од засега непознати причини, само се ставило во движење и удрило во 25-годишната пешака И.К. од Скопје.

Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош.

Од СВР Скопје соопштија дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности под кои се случила незгодата, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.