ПРВ.мк
Црна Хроника

Тажна вест за македонскиот ракомет - почина еден од најпознатите делегати!

Тажна вест за македонскиот ракомет - почина еден од најпознатите делегати!

Македонскиот ракомет загуби долгогодишен делегат – почина Љупчо Јаневски.

Во текот на својата кариера тој бил присутен на ракометните терени најпрво како судија, а подоцна и како делегат-контролор. Колегите го паметат како професионалец со голема посветеност и одговорен однос кон работата.

Од Ракометна федерација на Македонија изразија сочувство до семејството и блиските, наведувајќи: „Нека почива во мир“.

Јаневски починал по кратко боледување.

Најнови вести