Голема тага и неверување го зафатија гостиварскиот регион по веста дека Фидан Хамити (44) од селото Градец трагично го загубил животот во сообраќајна несреќа што се случила во Италија.
Информацијата за неговата смрт брзо се прошири меѓу роднините, пријателите и сограѓаните, кои преку бројни пораки на социјалните мрежи изразуваат сочувство и се простуваат од човекот кого многумина го познавале и почитувале.
Според информациите објавени од албански медиуми, Хамити починал како последица на несреќата што се случила на територија на Италија. Засега не се објавени повеќе информации за околностите и причините што довеле до трагичниот настан.
Од неговото родно село Градец пристигнуваат бројни пораки со сочувство до семејството, а жителите велат дека загубата е голем удар не само за најблиските, туку и за целата локална заедница.
Блиските и познаниците го опишуваат како скромен, чесен и почитуван човек, чие заминување остава длабока празнина кај сите што го познавале.
Нека почива во мир.








