Израелските власти веруваат дека командантот на Иранската Исламска револуционерна гарда, генерал Мохамед Пакпур, веројатно загинал во утринските воздушни напади врз Иран. Пакпур го презеде раководството на ИРГК по убиството на неговиот претходник, Хосеин Салами, во почетокот на војната во јуни 2025 година.
Според проценките на Израел, во нападите можеби загинале и иранскиот министер за одбрана и началникот на разузнавањето. Иран засега не ја потврдува оваа информација, а резултатите од нападите се уште се нејасни.
Меѓу целите беа и врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, и претседателот Масуд Пезешкијан. Нападот предизвика глобална загриженост, додека светот следи дали главните ирански команданти се живи и што ќе значи ова за понатамошната ескалација на конфликтот.


















