ПРВ.мк
Црна Хроника

Шок во Евролигата: Натпревар прекинат поради бомбардирање! - ова се деталите

Шок во Евролигата: Натпревар прекинат поради бомбардирање! - ова се деталите
Kristal

Натпреварот од јуниорската Евролига меѓу Монако и Арис беше ненадејно прекинат во 12.минута, откако судиите добиле информации за бомбардирање на воени бази блиску до салата. Безбедносната ситуација на Блискиот Исток е критична по започнатите напади на САД и Израел врз Иран, а сите соседни држави се на висока готовност.

Организаторите веднаш ги известиле двете екипи да се повлечат од теренот, а Евролигата го прекина целиот турнир во Абу Даби како мерка за безбедност. Новиот термин за продолжување на квалификациите сè уште не е одреден.

„Ситуацијата е следена во реално време, а безбедноста на играчите и официјалните лица е приоритет“, соопштија од Евролигата.

Овој настан ја шокира спортската јавност и покажува како воените конфликти на Блискиот Исток можат да влијаат на глобалните спортски натпревари.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo