ПРВ.мк
Македонија

СЕ ШИРИ КРУГОТ: Македонија со итен апел до граѓаните во Катар, Емиратите и Израел!

СЕ ШИРИ КРУГОТ: Македонија со итен апел до граѓаните во Катар, Емиратите и Израел!
Kristal

Поради влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерство за надворешни работи и надворешна трговија упати итен апел до македонските државјани кои престојуваат во регионот да бидат крајно внимателни и редовно да ги следат официјалните информации од локалните власти.

Апелот се однесува на граѓаните кои се наоѓаат во Катар и Обединети Арапски Емирати, каде што се препорачува строго почитување на насоките од институциите на земјите домаќини.

Воедно, поради дополнително влошување на состојбата, Министерството претходно издаде предупредување и за граѓаните кои се наоѓаат во Израел. Според информациите добиени од македонската амбасада во Тел Авив, воздушниот простор над земјата е затворен за цивилни летови, а сите комерцијални летови се суспендирани до понатамошно известување, без конкретен рок за нормализација.

Институциите апелираат граѓаните да се воздржат од патувања кон овој регион сè додека безбедносната состојба не се стабилизира.

Во случај на итна потреба, македонските државјани можат да се обратат во дипломатско-конзуларните претставништва во Доха, Абу Даби и Тел Авив, како и директно во Министерството преку достапните телефонски линии и електронска пошта.

Ситуацијата останува динамична, а надлежните служби внимателно ја следат состојбата на терен.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo