ПРВ.мк
Македонија

ШОК ВО КАРПОШ: Малолетничка најдена без свест – покрај неа сомнителни супстанци!

ШОК ВО КАРПОШ: Малолетничка најдена без свест – покрај неа сомнителни супстанци!
Kristal

Вчера околу 14 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош е пронајдена 16-годишна девојка во безсознание. Според информациите, таа веднаш била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде ѝ била укажана итна медицинска помош.

При интервенцијата, кај малолетничката биле забележани мало шише со бела прашкаста материја, како и бела грутчеста супстанца. Со неа во моментот бил и 18-годишник од Скопје, идентификуван како П.С.

Надлежните институции преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот. Состојбата на девојката засега не е официјално соопштена.

Случајот отвора сериозни прашања за безбедноста на младите и присуството на недозволени супстанци меѓу малолетници.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo