Светот на модата се простува од Луси Марковиќ, хрватско-австралиска манекенка која починала на 27-годишна возраст по долга и тешка борба со болест.
Луси ја изгубила битката после серија процедури за лечење артериовенската малформација (АВМ) во мозокот, состојба која предизвикува ненормално формирани крвни садови кои можат да пукнат и оштетат мозочното ткиво.
Нејзината партнерка Каро напишала на Инстаграм: „Бевме со неа кога замина, нека почива во мир.“
По веста за нејзината смрт, агенцијата Elite Model Management оддаде почит, нарекувајќи ја „блескава ѕвезда“ со „извонреден хумор“. „Насмевката и смеата на Луси можеа да осветлат соба. Моделингот беше едно од нејзините соништа и чест ни беше да бидеме дел од нејзиното патување“, се наведува во соопштението.
Донатела Версаче се првата која се простила од Луси на Инстаграм, напишувајќи: „Ужасно ми е жал поради Луси Марковиќ. Почивај во мир, убава девојка.“