Во рамки на полициска акција спроведена во Скопје, Струмица и Битола, повеќе лица се приведени под сомнение за шверц и вршење естетски интервенции со нелегални филери и ботокс.
Според информациите од судот, за вкупно шест осомничени е одреден ефективен притвор, додека четворица добиле мерка куќен притвор. За уште девет лица се изречени мерки на претпазливост.
Од Кривичниот суд појаснуваат дека првично биле поднесени 11 предлози за притвор, но по сослушувањето на осомничените дел од нив биле преиначени. Така, за дел од лицата наместо притвор се изречени поблаги мерки, додека судот прифатил дел од предлозите и одбил други.
Меѓу осомничените, како што се наведува, има и медицински лица вработени во ГОБ „8 Септември“ и на Клиниката за дерматологија во Скопје.
Истрагата продолжува, а надлежните институции работат на целосно расчистување на случајот.










