ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШНО УБИСТВО ГО ПОТРЕСЕ БАЛКАНОТ: Жена избодена до смрт, осомничениот партнер е во бегство!

СТРАШНО УБИСТВО ГО ПОТРЕСЕ БАЛКАНОТ: Жена избодена до смрт, осомничениот партнер е во бегство!

Словенечката полиција спроведува обемна потрага по 39-годишен државјанин на Босна и Херцеговина, кој е осомничен дека со нож ја усмртил својата 36-годишна партнерка, а потоа избегал од местото на злосторството. Властите предупредуваат дека станува збор за опасно и непредвидливо лице и апелираат граѓаните да не се обидуваат да му се приближат.

Трагичниот настан се случил во текот на ноќта во областа Вухред, населба во близина на границата меѓу Словенија и Австрија. Според информациите на Полициската управа во Целје, пријавата за инцидентот била примена непосредно пред 1 часот по полноќ.

Според досегашната истрага, осомничениот ја нападнал својата партнерка со нож, нанесувајќи ѝ тешки повреди од кои таа починала на местото на настанот. По нападот, тој побегнал пеш и сè уште не е пронајден.

Полицијата соопшти дека осомничениот е висок околу два метри, а во моментот кога го напуштил местото на злосторството бил облечен во фармерки, црна маица и црни чевли.

Во потрагата се вклучени полициски службеници од повеќе полициски станици, криминалистички инспектори, специјализирани тимови со службени кучиња, како и дронови. Надлежните најавија дека ќе бидат ангажирани и полициски коњички единици и хеликоптер за пребарување на поширокото подрачје.

Од словенечката полиција упатија сериозно предупредување до јавноста, нагласувајќи дека осомничениот може да биде опасен.

Граѓаните се повикуваат, доколку го забележат, да не воспоставуваат никаков контакт со него, веднаш да се оддалечат на безбедно место и без одлагање да ја известат полицијата.

Во меѓувреме, криминалистичките екипи продолжуваат со увидот и собирањето докази на местото на злосторството, додека истрагата треба да ги утврди сите околности што довеле до ова трагично убиство.