ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА НА ПРУГА: Воз смачка кола, загинаа млада мајка и нејзиното 3-годишно дете, спасувачите со часови ги извлекувале жртвите!

СТРАШНА ТРАГЕДИЈА НА ПРУГА: Воз смачка кола, загинаа млада мајка и нејзиното 3-годишно дете, спасувачите со часови ги извлекувале жртвите!

Страшна сообраќајна несреќа го потресе регионот утрово, кога патнички воз удри во автомобил на железнички премин на пругата Лалиќ–Оџаци во Србија. Во возилото се наоѓале 27-годишна жена и нејзиниот тригодишен син, кои за жал ги загубиле животите.

Од силината на ударот автомобилот бил целосно уништен. Според првичните информации, возот го оттуркал возилото речиси 200 метри по шините, а делови од автомобилот останале заглавени под локомотивата. Глетките на местото на несреќата биле потресни, а очевидци велат дека делови од возилото и лични предмети биле расфрлани на голема површина.

На терен веднаш пристигнале пожарникари, спасувачки екипи, полиција и Итната медицинска помош. За да стигнат до жртвите, спасувачите морале да употребат специјална хидраулична опрема и да го исечат целосно уништениот автомобил.

Според репортерите кои известуваат од местото на трагедијата, атмосферата била исполнета со тага и неверување, додека жителите се собирале во близина на железничкиот премин.

На местото на несреќата увид извршил надлежен јавен обвинител заедно со полициски екипи. Иако железничкиот премин бил обезбеден со рампа и соодветна сигнализација, причините за трагедијата сè уште не се познати.

Надлежните институции спроведуваат истрага која треба да утврди како автомобилот се нашол на шините во моментот кога наишол патничкиот воз и дали имало евентуален пропуст или други околности што довеле до несреќата.