ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА! Уништени возила, блокиран сообраќај – Брзата помош на терен!

СТРАШНА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА! Уништени возила, блокиран сообраќај – Брзата помош на терен!

Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска околу 12:50 часот на влезот во Вишњичка улица, во белградската населба Карабурма. Во несреќата учествувале две возила, а според информациите што ги пренесува Танјуг, повредени се пет лица.

На местото на несреќата веднаш пристигнале полициски екипи и екипи на Итната медицинска помош, кои интервенирале по судирот.

ПОВРЕДЕНИТЕ ПРЕНЕСЕНИ ВО УРГЕНТЕН ЦЕНТАР

Петте повредени лица биле пренесени во Ургентниот центар во Белград, каде што требало да им биде укажана медицинска помош.

Освен возилата што директно учествувале во несреќата, оштетени биле и неколку автомобили што биле паркирани во близина на местото на судирот.

Засега не се објавени дополнителни информации за причините за несреќата, ниту за тежината на повредите кај настраданите. Полицијата е на терен, а повеќе детали се очекуваат по утврдувањето на околностите под кои дошло до судирот.