ПРВ.мк
Црна Хроника

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА! Извршени 47 претреси - еве што се заплени полицијата!

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА! Извршени 47 претреси - еве што се заплени полицијата!

Засилена полициска акција на територијата на целата држава: Извршени 47 претреси, лишени од слобода 16 лица, запленети дрога, оружје и муниција

На 16/17.10.2026 година, Одделот за криминалистичка полиција, во координација со сите сектори за внатрешни работи и Единицата за службени кучиња, спроведе засилени мерки и активности на територијата на целата држава, насочени кон откривање и сузбивање на криминалот, особено недозволената трговија со дрога и нелегалното поседување оружје.

Во рамки на акцијата беа извршени 47 претреси во домови и други помошни простории на повеќе локации низ државата.

При претресите беа пронајдени и одземени поголема количина марихуана, повеќе пакувања со кокаин, како и помали пакувања со кокаин подготвени за понатамошна продажба. Исто така, беа пронајдени и одземени огнено оружје – пиштоли и пушки, разновидна муниција, парични средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.

Во текот на акцијата од слобода се лишени 16 лица, а поднесени се 11 кривични пријави за кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни активности за откривање и санкционирање на сите форми на криминал, со цел обезбедување побезбедна средина и поголема сигурност за сите граѓани.