ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШЕН СЛУЧАЈ ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Ја силувал сопругата и ја нападнал малолетната ќерка!

СТРАШЕН СЛУЧАЈ ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Ја силувал сопругата и ја нападнал малолетната ќерка!

Маж на возраст од 37 години од Кичево е пријавен за обљуба врз сопругата, а според пријавата, потоа физички ја нападнал и нивната малолетна ќерка. Случајот е пријавен во полицијата, која презема мерки за утврдување на сите околности.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 17 октомври 2026 година во Одделението за внатрешни работи Кичево било пријавено дека Е.К. (37) од Кичево извршил обљуба врз својата сопруга, по што физички ја нападнал малолетната ќерка.

„На 17.10.2026 во ОВР Кичево е пријавено дека Е.К. (37) од Кичево извршил обљуба врз неговата сопруга, а потоа физички ја нападнал малолетната ќерка“, соопштуваат од МВР.

Од полицијата наведуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот. По утврдувањето на околностите, против 37-годишниот маж ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести