ПРВ.мк
Црна Хроника

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО МАКЕДОНИЈА? - 12-годишно девојче допирано по телото од малолетник!

ШТО СЕ СЛУЧУВА ВО МАКЕДОНИЈА? - 12-годишно девојче допирано по телото од малолетник!

Вознемирувачки случај бил пријавен во Охрид, откако 63-годишна охриѓанка пријавила дека нејзината 12-годишна внука била несоодветно допирана од 17-годишник.

Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 11 август 2026 година во 12:20 часот во СВР Охрид. Жената пријавила дека настанот се случил неколку дена претходно, а според нејзината пријава, 12-годишното девојче било допирано по телото од 17-годишно момче од Битола, кое во периодот престојувало во Охрид.

Од полициските информации произлегува дека малолетната девојка го познавала 17-годишникот.

По добиената пријава, полициски службеници од СВР Охрид презеле активности за расчистување на случајот. Со 17-годишникот бил извршен службен разговор, при што биле присутни и претставници од Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи Охрид.

Надлежните институции продолжуваат со постапувањето и со прибирање на потребните информации за целосно утврдување на околностите под кои се случил настанот.

Од СВР Охрид информираат дека по целосното документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.