ПРВ.мк
Црна Хроника

Шокантен случај во Италија: Лекарите откриле дека 12-годишно девојче е бремено, по една година полицијата го уапсила таткото

Шокантен случај во Италија: Лекарите откриле дека 12-годишно девојче е бремено, по една година полицијата го уапсила таткото

Тежок случај на сомневање за сексуална злоупотреба на малолетно девојче ја потресе Италија, откако полицијата уапси 55-годишен маж осомничен дека ја злоупотребувал сопствената ќерка. Случајот бил откриен откако девојчето, кое во моментот имало само 12 години, било однесено на лекарски преглед, каде што било утврдено дека е бремено.

Драмата започнала во октомври 2025 година, кога родителите го однеле девојчето во болница на Сардинија поради изостанување на менструалниот циклус.

Лекарите при прегледот утврдиле бременост и веднаш ги известиле надлежните институции, по што започнала полициска истрага.

Девојчето првично им раскажало на истражителите дека било сексуално нападнато од непознат маж додека се враќало дома.

Меѓутоа, полицијата продолжила со собирање докази и проверка на околностите, а истрагата постепено се насочила кон сосема поинакви сознанија.

Клучниот пресврт се случил кога пристигнале резултатите од ДНК-анализата, кои покажале генетска поврзаност меѓу плодот и 55-годишниот татко на девојчето.

Поради возраста на малолетничката и здравствените ризици, бременоста била прекината. Обвинителството во Каљари наредило генетско вештачење на биолошкиот материјал, со цел да се утврди идентитетот на биолошкиот татко.

Истражителите ги споредиле ДНК-податоците со примероци од членови на семејството и други лица од опкружувањето на девојчето.

Резултатите го насочиле сомнежот кон нејзиниот татко, кој бил уапсен на 13 октомври и пренесен во затворот Ута на Сардинија.

Според италијанските медиуми, мајката на девојчето наводно не знаела за злоупотребата што била предмет на истрагата.

Надлежните служби уште по откривањето на бременоста го отстраниле девојчето од семејната средина, со цел да му обезбедат безбедност и соодветна заштита.

По апсењето, 55-годишниот осомничен бил изведен пред истражен судија, каде што го искористил законското право да молчи.

Случајот предизвика големо внимание во италијанската јавност, а истрагата траела речиси една година пред да доведе до апсење.

Судската постапка продолжува, а кривичната одговорност на осомничениот допрва треба да биде утврдена со правосилна пресуда.

Најнови вести