ПРВ.мк
Црна Хроника

Семејна трагедија: Напаѓачот почина во болница по крвавиот инцидент!

Семејна трагедија: Напаѓачот почина во болница по крвавиот инцидент!

Драматичен и трагичен настан се случил во Кисељак, каде што маж на 54-годишна возраст ја усмртил својата тешта и тешко ја ранил сопругата, по што и самиот подоцна починал во болница.

Според информациите од медиумите, по пукањето напаѓачот бил веднаш уапсен и пренесен во Клиничкиот центар во Сараево, каде што бил задржан на лекување поради тешки повреди кои, како што се наведува, си ги нанел самиот.

Во текот на денот пристигнала уште една трагична вест – сопругата на напаѓачот, која била тешко повредена во инцидентот, исто така им подлегнала на повредите во болница.

Полицијата и обвинителството започнале истрага за целосно расветлување на околностите под кои дошло до семејната трагедија, која ја потресе локалната заедница.

Се уште не се познати сите детали за мотивите, а истражните органи работат на утврдување на точниот тек на настаните кои довеле до оваа крвава епизода.