ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) Русите нападнаа патнички воз: 6 жртви, преговарачите се извиниле!

(ВИДЕО) Русите нападнаа патнички воз: 6 жртви, преговарачите се извиниле!
Kristal

Руски напад врз патнички воз во регионот Харков заврши со шест загинати, иако претходно било договорено неофицијално примирје, објави „Њујорк тајмс“. Нападот се случи само неколку дена по разговорите во Абу Даби, каде Русија и Украина постигнале „џентлменски договор“ за пауза во операциите.

По инцидентот, руските преговарачи се извиниле приватно на украинската страна, објаснувајќи дека не сите единици биле информирани за договорената пауза. И покрај извинението, нападот предизвика голема трагедија.

На 27 јануари, патнички воз кој се движел на линијата Барвинкове–Лавов–Чоп бил погоден од три дронови камикази од типот „Шахед“. Еден од дроновите погодил вагон со 18 патници, при што делови од пет тела биле пронајдени на местото на несреќата. Вкупно 291 патник биле евакуирани, а две лица со повреди се хоспитализирани. До 28 јануари, бројот на жртви се искачил на шест.

ПОГЛЕДНИ ВИДЕО

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го осуди нападот како терористички чин, истакнувајќи дека Русија го зголемува својот капацитет за тероризирање и насилство врз цивилите.

Од почетокот на војната во 2022 година, Русија постојано ги напаѓа украинските железници, со цел да ја наруши логистиката, патничкиот и товарниот транспорт, како и стабилноста на економијата и животот на цивилите. Нападите врз инфраструктурата се дел од стратегија за создавање страв и притисок врз украинското население, според украинските власти.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo