ПРВ.мк
Црна Хроника

ШОК ВО ХОЛИВУД: Почина легендата од „Сам дома“

ШОК ВО ХОЛИВУД: Почина легендата од „Сам дома“
Kristal

Филмскиот свет е завиен во тага по веста дека почина легендарната актерка Кетрин О’Хара, едно од најпрепознатливите лица на комедијата и телевизијата. Таа имала 71 година, а информацијата ја потврдила нејзината менаџерка, додека причината за смртта засега не е објавена.

О’Хара ќе остане засекогаш врежана во сеќавањата на публиката како мајката од култниот филм „Сам дома“, но и по незаборавната улога во фантастичниот хит „Бубимир“. Нејзината кариера траеше со децении и опфати телевизија, филм и театар, со улоги што лесно преминуваа од хумор во длабока емоција.

Родена во Торонто во 1954 година, Кетрин своите први чекори ги направи во прочуениот комичарски театар Second City, по што блесна во шоуто SCTV, кое ѝ донесе и „Еми“ награда.

Нова генерација фанови ја засакаа преку ликот на ексцентричната Моира Роуз во серијата „Schitt’s Creek“, улога што ѝ донесе „Еми“, „Златен глобус“ и награда SAG – редок успех за една актерка.

Иако во поодминати години, О’Хара остана активна, појавувајќи се во проекти како „The Last of Us“ и филмот „Argylle“.

Со нејзиното заминување, Холивуд губи вистинска икона – а публиката актерка која знаеше истовремено да насмее и расплаче.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo