Драган Пароски, познат како чичко Драги од Рекорд, почина, а веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Тина, која со години му помагала пред да замине во странство.
„Секое поминување покрај неговата тезга тој ни даваше ластичиња за коса во разни бои, а потоа и шнолички. Се љутеше кога му остававме пари“, се присети Тина.
Таа раскажа дека и покрај годините, чичко Драги останал сам на Рекорд, а имало денови кога таа трчала да се увери дали е добро. Пред неколку години, кога бил на операција на уво, нос и грло, таа го посетила и го нашла соопштена неговата состојба – после операцијата тој не можел да зборува. „Поминуваа годините, со ливчиња се разбиравме, ми пишуваше што му треба… а потоа јас заминав во Германија“, додаде Тина.
Во последно време, на чичко Драги му помагале добри луѓе, се грижеа за него, за кучињата и за гулабите. „Денес ми јавија дека починал. Не издржал човекот кој цел живот го помина на Рекорд“, заврши Тина.



















