На 29.04.2025 година во 15:45 часот во СВР Тетово сам се пријавил Е.Д.(21) од Гостивар, кој во СВР Тетово бил пријавен од Л.М.(25) од Тетово, кој се претставил како претседател на студентски парламент во универзитетот каде што студира, дека околу 12.30 часот во дворот на универзитетот физички го нападнал. Тој е задржан во полициска станица за извршување на службен разговор и по документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.
Претседател на студентски парламент нападнат во дворот на универзитетот – осомничениот сам се пријавил во полиција




