Сообраќајна несреќа во која учествувале четири возила се случила на стариот пат Ниш – Лесковац, во близина на Земјоделското училиште.
Несреќата се случила околу 14:30 часот, а според првичните информации, едно лице било повредено и пренесено во Ургентниот центар при Општата болница во Лесковац.
Според информациите што ги објавила српската „Југмедија“, еден од автомобилите, движејќи се од спротивната насока, наводно започнал да претекнува други возила, по што удрил во колона свадбари.
Поради сообраќајната несреќа, сообраќајот на овој дел од патот бил целосно запрен.
Засега нема дополнителни официјални информации за околностите под кои се случила несреќата, ниту за состојбата на повреденото лице.








