ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЛИЦИСКИ ПРЕТРЕС ВО КУМАНОВО СО СЕРИОЗЕН ПРОНАОД! Приведен 18 годишник - еве што се зпалени полицијата!

ПОЛИЦИСКИ ПРЕТРЕС ВО КУМАНОВО СО СЕРИОЗЕН ПРОНАОД! Приведен 18 годишник - еве што се зпалени полицијата!

Осумнаесетгодишен жител на Куманово бил лишен од слобода откако полицијата при претрес во неговиот дом пронашла оружје, муниција и рачно изработена направа поврзана со тајмер и батерија.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 17 октомври 2026 година, во 19:15 часот, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово го лишиле од слобода Р.Д. (18), од Куманово.

Претресот во неговиот дом бил извршен врз основа на судска наредба. При проверката, полициските службеници пронашле автоматска пушка, рамки за автоматска пушка со вкупно 44 куршуми, една испукана чаура, како и рачно изработена направа поврзана со тајмер и батерија.

Од полицијата информираат дека случајот се документира и дека по целосно расчистување на сите околности против осумнаесетгодишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Засега нема дополнителни информации за потеклото на пронајдените предмети или за евентуалната намена на рачно изработената направа.

Најнови вести