Малолетник бил физички нападнат од неколку други малолетници во основно училиште на подрачјето на Драчево, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, на 15 октомври 2026 година, во 17 часот, во СВР Скопје се обратила 40-годишна скопјанка со иницијали В.Ѓ., која пријавила дека нејзиното малолетно дете било нападнато околу 9:50 часот во училиште.
Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.








