ПРВ.мк
Црна Хроника

Полициска акција во Скопје, Велес и Кавадарци: Уапсени 11 лица, меѓу нив и 18-годишник

Полициска акција во Скопје, Велес и Кавадарци: Уапсени 11 лица, меѓу нив и 18-годишник

Вкупно 11 лица се лишени од слобода во Скопје, Велес и Кавадарци, откако полициски службеници при контроли и прегледи кај нив пронашле и одзеле различни видови материи за кои постои сомнение дека се дрога.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 14 и 15 октомври 2026 година, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје привеле осум лица.

Марихуана била пронајдена кај Ф.Н. (45), Д.Б. (44), А.З. (30), М.И. (20) и Т.С. (24), сите од Скопје, како и кај Б.Б. (24) од Велес, Д.Г. (18) од Злетово и К.А. (22), кој престојува во Скопје.

Посебен случај бил регистриран во Велес на 14 октомври, околу 11:45 часот.

Полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Б.А. (45) од Велес, откако при преглед кај него била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја.

Истата вечер, околу 23:50 часот, полицијата интервенирала и во Кавадарци.

На улицата „Цветан Димов“, при контрола на автомобил „фолксваген поло“ со кавадаречки регистарски ознаки, била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

Автомобилот го управувал М.Д. (21) од Кавадарци, а со него патувал Љ.С. (23) од Росоман. Двајцата биле лишени од слобода.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни поднесоци.