Во полициска контрола спроведена во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, биле приведени седум странски државјанки поради нелегална работа.
Акцијата ја реализирале полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Запад на 10 мај 2026 година. При контролата, жените биле затекнати како работат како танчерки без соодветни дозволи и документација.
Станува збор за државјанки од Русија, Бугарија, Казахстан и Србија, на возраст од 26 до 42 години.
По приведувањето, тие биле задржани за понатамошна постапка, а надлежните институции најавија дека по целосното расчистување на случајот ќе бидат поднесени пријави согласно Законот за странци.







