ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЛИЦАЈЦИ ПОД ИСТРАГА: Кривични пријави во Штип и Кочани - МВР со детали!

ПОЛИЦАЈЦИ ПОД ИСТРАГА: Кривични пријави во Штип и Кочани - МВР со детали!
Kristal

Одделот за внатрешна контрола при МВР поднесе кривична пријава до надлежното јавно обвинителство против адвокатот Е.П. од Штип, како и против полициските службеници Д.Д., И.А., Г.Т. и Х.С., кои се од Штип и Кочани, поради основано сомнение за кривичното дело „попречување на правдата“.

Според полициското соопштение, пријавените во текот на септември 2025 година преземале активности кои го отежнувале и спречувале прибирањето докази во рамки на тековна кривична постапка, со што го попречиле нормалното водење на истрагата.

МВР дополнително информира дека, покрај кривичната пријава, против полициските службеници ќе биде поведена и дисциплинска постапка, со цел да се обезбеди одговорност и за професионалните пропусти во работата.

FixCredit
Escape