ПРВ.мк

Почина возачот на мотоцикл повреден во синоќешната сообраќајка во Скопје

Почина возачот на мотоцикл повреден во синоќешната сообраќајка во Скопје
VERO Banner

А.Ј.(34)  кој управувал мотоцикл „сузуки“ со скопски регистарски ознаки, им подлегна на повредите здобиени во синоќешната сообраќајна несреќа на ул.„Ацо Шопов“ во Скопје.

Во сообраќајката учествувале патничко возило „фиат панда“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Р.(24) од с.Буковиќ, скопско, патничко возило „пежо 2008“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(52) од Скопје и мотоцикл „сузуки“ управуван од А.Ј.

Неофицијално, едно од возилата обидувајќи се да претекне друго удрило директно во мотоциклистот..

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот А.Ј., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна починал.

Лекар констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција. Возачот Б.Р. се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската опшата болница „Св.Наум Охридски“ Скопје и по укажаната помош во 01.00 часот на подрачјето на Центар бил лишен од слобода и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по итна постапка.

Извршен бил увид од надлежен обвинител од ОЈО Скопје и увидна екипа од СВР Скопје.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран